Huawei MatePad 10.8 наскоро ќе биде претставен

Неодамна дојавувач од Кина објави дека Huawei наскоро ќе претстави таблет под името Huawei MatePad 10.8. Сега изгледа дека оваа објава е многу блиску, бидејќи уредот се појави на JD.com листингот со главните спецификации и цената.

Листингот во меѓувреме отстранет, но не пред да биде креиран скриншот на кој се забележани информациите. MatePad 10.8 će, според наводите, ќе биде претставен на 30. јули, а во продажба ќе се најде од 13. август, по цена од околу 330 долари.

Таблетот ќе пристигне со Kirin 990 чипсет, 6GB RAM и 64GB простор за складирање. Дисплејот од 10,8 инчи поддржува 2K резолуција и има 16:10 однос на страници. Уредот ќе пристигне со поддршка за Wi-Fi 6 конекција.

Huawei MatePad 10.8 поддржува и M Pencil стајлус, а протечените информации сугерираат дека е опремен со предна камера од 8 MP и камера од 13MP на задната страна. Оперативниот систем е Android 10 со EMUI 10, а сето ова го напојува батерија од 7500mAh.

InterServer Web Hosting and VPS