Османи-Јан Коп: На изборите потврдена евроатлантската ориентација на земјата

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп.

– Со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп ја потврдивме евроатлантската ориентација на земјата што беше легитимирана и на последните парламентарни избори, напиша на својот Фејсбук профил Османи.

Османи на средбата посочил дека со својот глас граѓаните дале јасна порака за тоа што очекуваат, каква сакаат да биде, како и тоа кој тие сметаат дека треба да ја предводи идната Влада.

-Останува на водечките политички претставници да обезбедат стабилно политичко мнозинство преку кое ќе ја оправдаат оваа доверба и ќе ги реализираат легитимните барања на граѓаните, напиша Османи на Фејсбук по средбата со холандскиот амбасадор Јан Коп.

InterServer Web Hosting and VPS