Lada Largus Cross Quest поздрав од Русија!

Автомобилите на произодителот од Рисија- Lada веќе не се неквалитетна, слабо опремени, со мала понуда во однос на моторизација, палета на бои … Едноставно со мал избор и слаби шанси да одговорат на барањата на избирливите купувачи на пазарите на Стариот континент…
Колку конкуренцијата и пазарната економија ги сменија перцепциите во автомобилската дејност во Источна Европа, најдобро може да се види во примерот на АвтоВАЗ.

Никогаш порано овој руски производител на автомобили немал толку многу модели во својот гама на пазарот, но и можност за персонализирање на истите возила, проследено со интересни продажни промоции, како и со специјални серии …

АвтоВАЗ сега објави уште една посебна серија – Lada Largus Cross Quest.

За оние кои не знаат: Lada Largus е руска верзија на првата генерација Dacia Logana MCV, караван што се продава само во Европа веќе пет (5) години, но има стекнато многу пофалби заради големиот простор и ниската цена.

Lada ја купи лиценцата за овој модел во 2012 година, а во последните години Largus стана вистински хит на рускиот пазар.

Одамна е најавено обемно освежување, што ќе вклучува ново затегнување на брчки кај Largus со доста „ботокс” на начин што Facelift зафатот ќе биде во насока на ликот на поновите модели на Lada (Granta, Vesta ), но додека тоа не се случи, претставена е серијата Quest од верзијата Cross.

Специјалното издание Quest доби нови ергономски предни седишта, подобрена звучна изолација, нови алуминиумски тркала, сјајни куќишта за надворешни ретровизори и плочки со имиња на серијата специјални модели. Седиштата имаат поразвиен профил и комбинирана тапацир направена од ткаенина и еко кожа.

Како и во другите верзии, серијата Quest на Largus е исто така достапна во верзии со пет или со седум седишта, додека волуменот на багажникот достигнува фантастични 2350 литри.

Автомобилот се напојува со 1.6-литарски бензински мотор, кој ја пренесува моќноста од 106 КС на предните тркала преку пет -степен мануелен менувач на брзини.

Largus Cross Quest сè уште не се појавил во конфигураторот на Ladа, па цената сè уште не е позната.

Во моментов, Lada Largus Cross е достапна во конфигурацијата Luxe по специјална цена од 698.310 руски рубли (8.355 евра).

Опремата Cross Luxe вклучува клима уред, ABS / EBD, сензори за задно паркирање, аудио систем (FM, MP3, AUX, USB, Bluetooth) со четири звучници, кожен серво управувач кој може да се прилагоди по висина, 16-инчни алуминиумски тркала со Continental,гуми, возачко седиште со прилагодување и по височината, светла за магла, централно далечинско заклучување

InterServer Web Hosting and VPS