БИХ прва во Европа по бројот на новозаразени од Ковид-19 на милион жители, Македонија на трето место

Со зголемувањето на бројот на позитивни случаи на „Ковид-19“, Босна и Херцеговина се најде на првото место на Worldometers по бројот на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус во Европа на милион жители.

Важно е да се напомене дека Луксембург и Андора имаат поголем број случаи на милиони жители од БИХ, но во графиконот „Worldometers“ не се вклучени земји со помалку од милион жители. Исто така, недостасуваат податоци за Бугарија.

Веднаш по БиХ, следуваат Молдавија, Северна Македонија, Романија, Шпанија и Србија.

За потсетување во БиХ во изминатите 24 часа е регистриран рекорден број новозаразени со коронавирус. Од вкупно тестирани 1.666 лица, потврдено е дека 363 со инфекција Covid-19. Во Федерацијата на БиХ има 227 позитивни луѓе, а 136 во Република Српска.

InterServer Web Hosting and VPS