Најголем број од заразените кои се враќаат во Германија се од Косово

epa08488128 A health worker clad in full protective gear collects a swab sample from people at a coronavirus testing center in New Delhi, India, 16 June 2020. Indian government has decided to provide relaxation in the ongoing lockdown but it will continue until 30 June, in 'containment zones.' The restrictions will be eased in a phased manner with places of worship, hospitality services and shopping malls scheduled to be opened in the initial phase, with restrictions. The areas termed as 'containment zones' will be identified by authorities and those areas will remain under complete lockdown. EPA-EFE/STR

Амбасадата на Република Косово во Берлин соопшти дека, според податоците кои ги објави Институтот „Роберт Кох”, најголемиот број од заразените со Ковид-19, кои влегуваат во Германија се лица кои се враќаат од Косово.

Во објава на својата страница на Фејсбук, косовското дипломатско претставништво во Германија ги повикува косовските граѓани, кои се со престој во таа земја, а ги поминуваат годишните одмори во татковината, да ги почитуваат препораките на Националниот институт за јавно здравство на Косово за држење дистанца, носење маски и одржување на хигиената.

– Ве молиме, штом се вратите во Германија од одмор, да ги следите упатствата на сојузното Министерство за здравство за тестирање на аеродромите, а доколку патувате со автомобил или автобус, да се обратите на здравствените служби во вашата област и да се тестирате, се наведува во објавата.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во Косово во последно време се забележува пораст на бројот на заразени од новиот коронавирус. Дневно се регистрираат по околу 200 случаи, а според последните официјални податоци, објавени вчера, во земјата моментно има над 3.300 активни носители на вирусот.

InterServer Web Hosting and VPS