Демонстранти поставија шатори и го блокираа сообраќајот во Софија

На две крстосници во центарот на Софија целосно е блокиран сообраќајот од страна на демонстрантите кои уште синоќа се заканија дека ќе постават шаторски камп.

Полицијата го пренасочува и го регулира сообраќајот, а јавниот превоз го измени возниот ред.

Во повеќе од десет бугарски градови вчера се одржаа најмасовните антивладини протести, кои се одржуваат веќе 21 ден по ред.

Беа блокирани клучни улици во софија и во другите градови. Барањата на демонстрантите остануваат непроменети, а тоа се оставки на владата, лично на премиерот Бојко Борисов, на јавниот обвинител Иван Гешев и одржување на фер избори.

InterServer Web Hosting and VPS