Сандерс бара Американците бесплатно да добиваат маски

Демократскиот сенатор Берни Сандерс, кој поради здравствени проблеми се откажа од намерата да биде демократски кандидат за претседател на САД, се залага сите негови сограѓани да добијат бесплатни заштитни маски.

Сандерс е еден од конгресмените кои се борат за наведеното. Тие сакаат да го остварат тоа со акт наречен „Маски за секого“. Овој акт би бил задолжителен за власт и за одделни производители, пишува американскиот деловен магазин „Бизнис инсајдер“.

За примена на актот би биле потребни пет милијарди долари. Парите би биле потрошени за домашно производство, набавка и поштенска дистрибуција на маските до населението.

„ Ние сме единствена држава во светот која има високи приходи, а каде бројот на заразени и починати од коронавирус е во неверојатен пораст наместо да опаѓа. Тоа е апсолутен скандал“ порача Сандерс.

Експертите веќе долго време препорачуваат носење маски со цел спречување на ширење на коронавирусот. Една британска студија покажала дека што повеќе луѓе носат маска, повеќе се сузбива ширењето на вирусот.

Според Сандерс со делење на висококвалитетни маски за повеќекратна употреба ќе се спасат десетици илјади луѓе, а економската штета би била помала за стотици милијарди долари.

InterServer Web Hosting and VPS