LG двојно ќе го зголеми производството на OLED панели

LG го отвори својот нов производен погон во Гуангжу, каде компанијата почна со производство на OLED дисплеј панели. Оваа нова фабрика има способност да креира 60.000 супстрати месечно, што речиси ги удвојува производните капацитети на OLED панелите на компанијата LG.

Благодарение на новата фабрика, јужнокорејската компанија ќе може да произведува 130.000 супстрати месечно, што на LG ќе му овозможи да испорача повеќе OLED TV уреди и да ги задоволи пазарните барања за високата побарувачка.

Фабриката на LG во Гуангжу ќе се користи за креирање OLED панели од 48, 55, 65 и 77 инчи. Тоа значи дека 48-инчни OLED телевизори наскоро ќе видиме на потрошувачкиот пазар.

OLED екраните со голем формат во текот на последните години претставуваа огромен извор на приходи за LG, а отворањето на новата фабрика ќе ја засили позицијата на компанијата на пазарот.

InterServer Web Hosting and VPS