Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака

Кипарскиот клуб АЕК Ларнака потврди дека го продолжи договорот со нашиот фудбалер, Иван Тричковски за уште две сезони.

Иван Тричковски и АЕК Ларнака ја продолжија соработката за уште две сезони.

„АЕК Ларнака со задоволство може да соопшти дека нашиот тимски лидер Иван Тричковски се согласи за продолжување на договорот“, стои во соопштението на клубот.

Тричковски е главна ѕвезда на АЕК Ларнака, тој во клубот е веќе четири и пол години. Има 163 настапи и постигнато 67 гола во лигата, 10 во купот и 20 во Европа. Тој е најдобар стрелец на клубот во историјата на европските натпреварувања.

InterServer Web Hosting and VPS