„Репортери без граници“: Ѓукановиќ да не го потпишува законот за медиуми

Меѓународната организација„Репортери без граници“ нагласува дека ќе биде уште еден удар врз слободата на медиумите во Црна Гора ако стапи во сила новиот Закон за медиуми. Тие го повикаа црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ да не го потпише законот. Обврската на новинарите да го откријат изворот, на барање на државниот обвинител, што е содржана во законот, би претставувало сериозно кршење на доверливоста на изворот на новинарот, оцени организацијата „Репортери без граници“.

Доколку стапи во сила новиот Закон за медиуми, тоа ќе биде уште еден удар за слободата на медиумите во Црна Гора, кој веќе е рангиран на 105место во индексот на „Репортери без граници “. Многу е вознемирувачко што се чини дека законот има политичка цел наместо подобрување на медиумското опкружување. Ова е индицирано со фактот дека владејачкото мнозинство го одобри без поддршка од опозицијата и треба да стапи на сила веднаш пред парламентарните избори закажани за 30 август, изјави шефот на одделот за Европската унија и Балканот, Павол Салај за РСЕ.

InterServer Web Hosting and VPS