Asus го објави најмоќниот смартфон за гејмери – ROG Phone 3 (ВИДЕО)

Asus го претстави најмоќниот и најскапиот гејмерскиот смартфон ROG Phone 3.

Смартфонот има Qualcomm процесор и доаѓа со AMOLED екран од 6,59 инчи со резолуција од 2340 х 1080 пиксели и со фреквенција на освежување на екранот од 144 херци. Телефонот има 16 GB RAM и 512 GB интерна меморија.

Телефонот има 3 камери со резолуција од 64, 13 и 5 мегапиксели и можност за снимање на видеа со 8К резолуција.

Капацитетот на батеријата изнесува 6.000 mAh и поддржува брзо полнење.

Уредот поддржува специјални алатки за гејминг, на пример може да инсталирате AeroActive Cooler 3.

Почетната цена на смартфонот изнесува 800 евра. Најмоќниот модел има 12 GB RAM, 512 GB интерна меморија и чини 1.100 евра.

InterServer Web Hosting and VPS