Тизер за Galaxy Unpacked ги открива сите претстојни уреди (ВИДЕО)

Samsung na 5. август ќе претстави пет нови премиум уреди, а главни меѓу нив се моделите од Galaxy Note20 серијата. Тука се и Galaxy Z Fold 2, Galaxy Tab S7 серијата таблет уреди, како Galaxy Watch 3 паметниот часовник и Galaxy Buds Live слушалките.

Најновото промотивно видео за Unpacked настанот ги потврдува сите пет споменати уреди, кои се очекуваат во текот на главната презентација, а ни дава и краток преглед за секој од нив.

Видеото почнува со новата Mystic Bronze боја, која ќе биде доминантна за речиси сите нови уреди, а тука се и детали за расклопениот Z Fold 2 модел, Note20 S Pen стајлус, неколку скици и делови на уреди, како и малопродажното пакување за Note20.

Samsung Digital City во Сувон, Јужна Кореја ќе биде местото на кое ќе биде одржан годинашниот Unpacked и исто така се појавува во тизер видеото.

InterServer Web Hosting and VPS