Покетино со неочекувана „отровна-стрела“ кон раководството на Тотенхем: Најпаметно е да ми ја променат функцијата!

Маурисио Покетино може да биде навистина задоволен од тоа како игра неговиот тим во летниот период, а иако извлече навистина позитивни заклучоци по минималната победа над Реал Мадрид од 1:0, аргентинскиот стручњак испрати и една неочекувана „отровна-стрела“ кон раководството на клубот, или поточно газдата Даниел Леви.

Покетино веќе извесно време не дава никакви конкретни одговори за играчите кои може да пристигнат во тимот, и оние кои имаат шанси да си заминат, а како што вели сам, тоа е така поради фактот што го загубил кредибилитетот самостојно да носи одлуки околу тоа како ќе изгледа тимот.

– Можеби најпаметно е клубот да го промени името на мојата функција. Мојата работа е сега само да бидам тренер, да ги тренирам играчите. Трансфер прашањата не се за мене, за тоа обратете се кај клубот, можно е и да ја променат мојата улога. Во Англија велите дека сме менаџери, но јас сум само тренер. Не знам ништо за потенцијалните заминувања на моите играчи. Извршувам само улога на тренер, се обидувам да го извадам најдоброто од оние кои пристигнуваат на тренинзите, – образложи Покетино.

InterServer Web Hosting and VPS