Во болниците примени се 428 пациенти поради коронавирус

Вкупно 428 лица се хоспитализирани низ болниците во Македонија поради коронавирус, а како активни се водат 4.183 случаи.

Согласно податоците, само вчера на Инфективната клиника биле примени 4 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ примени се нови 10.

Вкупно, на Инфективната клиника хоспитализирани се 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Според статистиката по градови, Скопје и понатаму е со најголем број на заболени – 1.876 случаи, потоа е Штип со 409, а зад него се Куманово и Тетово со 284 и 278 заразени со коронавирус.

Според податоците по скопските општини, најмногу заразени има во Чаир – 265 и Аеродром – 207. Во Гази Баба бројот на активни случаи изнесува 193, а во Кисела Вода 183. Зад нив е Карпош со 164 активни случаи, Центар – 150, Бутел – 133, Ѓорче Петров 129 и Шуто Оризари – 120, Сарај – 109.

Двоцифрен е бројот на заболени во Студеничани – 93, Арачиново – 36, Илинден – 23, Петровец – 20, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 22, Зелениково- 7.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.213, бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.183.

Вчера беа регистрирани 128 новозаразени, а 137 излечени пациенти. Во изминатите 24 часа починале шест лица на возраст од 48 до 82 години.

Досега се направени вкупно 96.194 тестирања на ковид -19.

InterServer Web Hosting and VPS