Германија против предлогот на САД за враќање на Русија во Г7

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, го отфрли предлогот за враќање на Русија во Групата седум најразвиени земји во светот (Г7), што го даде американскиот претседател Доналд Трамп. „Причината за протерување на Русија беше нејзиното анектирање на Крим и интервенцијата во источна Украина“, рече Мас во денешното интервју за два германски весника, Рајнише Пост и Бонер Генерал – Анцајгер. „Сè додека немаме решение таму, јас не гледам никаква шанса“ Русија да се врати во Г7”, рече Маас.

Трамп во мај изјави дека е „разумно“ да се покани рускиот претседател Владимир Путин на проширен самит на Г7 затоа што земјите треба да разговараат со Русија и покрај нејзините политики на меѓународната сцена и нелегалното анексирање на Крим од Украина. Русија порано беше во групата, но беше избркана поради нејзината анексија на Крим од Украина во 2014 година.

InterServer Web Hosting and VPS