Чичко откри: Популарните пејачки ја пофалија ќерката на Жељко Јоксимовиќ

Братот на Жељко Јоксимовиќ, актерот Саша Јоксимовиќ, објави видео во кое откри колку е горд на својата внука Мина Јоксимовиќ, која ги откри своите вокални способности.

Мина покажа дека оди по стапките на својот популарен татко, а својот моќен вокал го откри со изведување на песната „When the party’s over“ од популарната Били Ајлиш.

„Горд сум на мојата Мина. Има ли некој подобар? Има ли?“ – напиша Саша, чичкото на Мина.

На изведбата на Мина не останаа имуни ни двете популарни пејачки – Јелена Томашевиќ и Анабела, кои ги пофалија гласовните способности на Мина./hashtag.mk

InterServer Web Hosting and VPS