Британска делегација при НАТО: Приемот на Македонија – историски момент за Алијансата

Зачленувањето на  Македонија во НАТО не е од значење само за нас, туку и за сојузниците, напиша министерката за внатрешни работи Радмила Шекеринска на Фејсбук, пренесувајќи објава од твитерот на Британската мисија во Алијансата.

– Делегацијата на Обединетото Кралство во НАТО во рамките на „National photo week“ на Твитер објави фотографии од моментот на официјалното пристапување на Македонија во НАТО, нарекувајќи го чинот историски момент, напиша Шекеринска.

На Твитер налогот на Делегацијата на Обединето Кралство при НАТО вчера беа објавени три фотографии од подигнувањатето на македонското знаме пред седиштето на Алијансата во Брисел.

– Историски момент за НАТО кога во март го дочекавме нашиот 30-ти сојузник, Македонија во Алијансата. Неколку брилијантни фотографии од церемонијата на заченување за #NationalPhotoWeek, стои во објавата на Твитер на Британската делегација при НАТО./МИА

InterServer Web Hosting and VPS