Утре сончево и топло, од среда температура до 40 степени

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира УХМР.

Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. Вредноста на УВ – индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на следнава работна седмица ќе преовладува сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде од среда кога долж Повардарието максималната температура ќе биде околу 40 степени.

Од петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

InterServer Web Hosting and VPS