Адис Јаховиќ пред трансфер во турскиот гигант Бешикташ!

Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ треба да биде замената за Бурак Јилмаз во Бешикташ, тврдат турските медиуми.

Според турскиот медиум „Фанатик“, Адис Јаховиќ треба да биде нов напаѓач на Бешикташ кој е еден од трите најголемите клубови во оваа земја.

Тој ќе треба да биде замена за Бурак Јилмаз кој се договори за преселба во Лил.

Јаховиќ има договор со Анталијаспор до јуни 2021 година, па Бешкташ наскоро ќе треба да испрати и официјална понуда. Не се исклучува и некаков договор за трампа меѓу двата клубови.

Адис оваа сезона постигна 17 голови во турската Суперлига на 33 меча. Првата половина од сезоната ја играше за Малатија, а потоа се пресели во Анталија.

InterServer Web Hosting and VPS