Малком во Зенит за 40 милиони евра

Барселона успеа да продаде еден од играчите на чии услуги тренерот Ернесто Валверде не сметаше за новата сезона. Каталонците со Зенит го договориле трансферот на Малком за 40 милиони евра.

Малком минатото лето направи сензационален трансфер во Барселона кога во последен момент го смени мислењето и ја изневери Рома. На „Камп ноу“ тој не оправда ниту едн цент што клубот го вложи во него.

Барса максимално профитира од трансферот бидејќи за речиси истата сума го донесоа лани Малком од Бордо. Бразилецот во Санкт Петербург ќе заработува шест милиони годишно.

Според медиумите, Барса траба да продаде уште двајца играчи за да може да го донесе Нејмар. Понуди за Фелипе Кутињо нема, а за Иван Ракитиќ интерес покажале два тима, по еден од Англија и Италија.

Можно е заминувањето и на Самуел Умтити за 50 милиони евра, но само Манчестер јунајтед не го реализира трансферот на Хари Мегваер.

Инаку, Пари-Сен Жермен за Нејмар бара 180 милиони евра.

InterServer Web Hosting and VPS