Samsung Galaxy Watch 3 се појави во Wi-Fi варијанта

Новите страници за поддршка за Samsung Galaxy Watch 3 се појавија онлајн – една за 41mm модел и една за 45mm варијанта. Двата модела се прикажани два пати, еднаш со куќиште од нерѓосувачки челик и втор пат без споменување на материјалот на изработка.

Потребно е да се истакне дека се работи за SM-R840 и SM-R850 модели, каде што “0” на крајот на ознаката укажува на локална Wi-Fi конекција. Претходно овој месец се појави и страница за поддршка за SM-R845 моделот, кој е LTE верзија.

Претходните гласини и фотографија понудија добар увид во Galaxy Watch 3 во 41mm и 45mm варијанти. Ќе постојат ремени од метал и кожа, како и неколку опции на боја (вклучувајќи ја и Mystic Bronze).

Galaxy Watch 3 ќе има IP и MIL-STD сертфикати, со ATM5 водоотпорност и Gorilla Glass DX заштита на дисплејот. Екранот ќе има големина од 1.4 инчи за 45mm модел и 1.2 инчи за 41mm модел. Часовниците ќе го користат Tizen 5.5 и ќе имаат GPS и ECG сензор.

Според наводите на дојавувачот @evleaks, новите паметни часовници ќе чинат помеѓу 400 и 600 долари. Се споменува и верзија од титаниум, за која се очекува дека ќе биде во премиум ценовниот ранг.

Samsung Galaxy Watch 3 ќе биде претставен на 5. август, во текот на Unpacked настанот, заедно со Galaxy Note20 линијата и уште неколку други уреди.

InterServer Web Hosting and VPS