Славната Бар Рафаели осудена поради затајување данок. Мајка и оди во затвор!

Израелскиот супермодел, ТВ презентер и актерка Бар Рефаели (35) и нејзината мајка и моден агент Ципи Левин (65) беа осудени вчера, 20 јули, за затајување данок во родниот Израел, а убавата манекенка се појави на суд со бела заштитна маска на лице.

Израелскиот суд ја осуди Бар Рефаели за четири точки за затајување данок, а сето тоа го оштети угледот на поранешната национална икона и амбасадор на оваа земја. Рефаели влезе во судот во Тел Авив со бела маска на лицето што одговараше на нејзината бела блуза, додека таа носеше светло сини фармерки, а косата и беше врзана во пунџа. По неа следувале негјзиниот татко Рафи, мајката Ципи и адвокатите. Рафаели (35) и нејзината мајка признале за кривични дела избегнување данок на добивка од околу 10 милиони долари, што ги заработила додека работела како модел во Соединетите држави.

Имено, ќерката и мајката потпишале спогодба со обвинителството поради затајување данок, врз основа на која прифатила вина со цел да избегне затвор, но нејзината мајка не можела да го заобиколи затворот. Според договорот за молба што го потпишале со надлежните минатиот месец, Рафаели ќе издржи девет месеци социјално корисна работа, додека нејзината мајка Ципи беше осудена на 16 месеци затвор.

InterServer Web Hosting and VPS