Избори 2020: Кои пратеници ќе учествуваат во работата на новиот парламентарен состав?

Познати се пратеничките екипи со кои политичките партии ќе влезат во игра во новото македонско Собрание, согласно досега објавените официјални резултати и освоени мандати од Државната Изборна Комисија (ДИК). Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како што засега стојат работите, ќе има 46 народни претставници, коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 44, Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) – 15, коалицијата „Сега можеме“ на Алијансата на Албанците и Алтернатива – 12, „Левица“ – 2 и Демократската партија на Албанците (ДПА) – 1.

Коалиција „Можеме“ 

Пратеници од ИЕ 1: Никола Димитров, Мила Царовска, Дамјан Манчевски, Дарко Каевски, Горан Мисовски, Кастриот Реџепи, Марија Георгиевска

Пратеници од ИЕ 2: Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Мухамед Зекири, Даниела Маркоска, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска, Бастри Бајрами

Пратеници од ИЕ 3: Љупчо Николовски, Јагода Шахпаска, Сашко Николов, Маја Морачанин, ненад Коциќ, Соња Михаиловска, Љупчо Балкоски, Марија Ангелова, Илија Николовски

Пратеници од ИЕ 4: Зоран Заев, Соња Мираковска, Миле Талевски, Даниела Колева, Панчо Минов, Марија Костадинова, Костадин Костадинов, Лолита Ристова, Павле Трајанов, Коле Чаракчиев

Пратеници од ИЕ 5: Радмила Шекеринска Јанковска, Јован Митрески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Лазе Таневски, Бети Наумовска Рабаџиевска, Енес Ибрахим, Боби Мојсоски, Жаклина Лазаревска

Пратеници од ИЕ 6: Биљал Касами, Фаница Николоска, Бејџан Иљас, Фадил Зендели

Коалиција „За обнова на Македонија

Пратеници од ИЕ 1: Гордана Сиљановска Давкова, Тимчо Муцунски, Синиша Стојаноски, Бети Трајкоска Стаменкоска, Љупчо Димовски, Љупчо Пренџов, Велика Серафимовска Стојкова

Пратеници од ИЕ 2: Владо Мисајловски, Рашела Мизрахи, Бране Петрушевски, Иван Стоилковиќ, Жаклина Пешевска, Дарко Костовски, Бојан Стојаноски

Пратеници од ИЕ 3: Игор Јанушев, Иван Јорданов, Благица Ласовска, Иванка Василевска, Стојанов Миланов, Игор Здравковски, Миле Лефков, Никола Мицевски, Даниела Христова, Марија Петрушевска

Пратеници од ИЕ 4: Александар Николоски, Ане Лашкоска, Дајанчо Ефтимов, Ели Панова, Зоранчо Јованчев, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелинка Петкова, Златко Пенков, Јадранка Поцкова

Пратеници од ИЕ 5: Игор Дурловски, Антонијо Милошоски, Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков, Јован Јаулески, Олга Лозановска, Ѓорѓија Сајкоски, Лидија Петкоска

Пратеници од ИЕ 6: Дафина Стојаноска, Александар Велјановски

Демократска Унија за Интеграција (ДУИ)

Пратеници од ИЕ 1: Изет Меџити, Арбен Зибери

Пратеници од ИЕ 2: Арбер Адеми, Берат Ајдари, Мерита Коџаџику Колчи

Пратеници од ИЕ 5: Талат Џафери, Исмаил Јахоски, Арбана Пашоли

Пратеници од ИЕ 6: Али Ахмети, Фљорин Бесими, Арта Зендели Билали, Насер Нуредини, Бајрам Реџепи, Вјолца Адеми, Бајрам Кадрија

Коалиција Алијанса на Албанците/Алтернатива 

Пратеници од ИЕ 1: Скендер Реџепи, Абдула Салиу

Пратеници од ИЕ 2: Африм Гаши, Ељми Азири, Сафије Шаини Садики

Пратеници од ИЕ 5: Сурија Рашиди

Пратеници од ИЕ 6: Зијадин Села, Атнан Незири, Илире Даути, Хусни Исмаили, Халил Снопче, Артина Ќазими

Левица

Пратеници од ИЕ 1: Димитар Апасиев

Пратеници од ИЕ 3: Борислав Крмов

ДПА

Пратеници од ИЕ 6: Мендух Тачи

Ова се 120. пратеници кои, според досега објавените официјални резултати, ќе учествуваат во работата на десеттиот парламентарен состав во независна Македонија. Листата на „резервни играчи“ е долга и ќе зависи која од двете најголеми коалиции ќе добие мандат да формира Влада, со оглед дека СДСМ прогласи победа на предвремените парламентарни избори, а ВМРО-ДПМНЕ, исто така, најави дека влегува во трката за обезбедување на мнозинство. Во зависност од тоа кој ќе биде мандатар и колку од сигурните пратеници ќе добијат функции во новата извршна власт, ќе се менува и составот на парламентарната екипа на политичките партии и коалиции.

InterServer Web Hosting and VPS