Ципрас: Победата на Заев е порака за цела Европа

Благодарение на твоите напори, пораката на прогресивните сили стана уште посилна, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, во честитката, преку „Твитер“ до Зоран Заев, додека пак од секторот за меѓународни и европски прашања во грчката опозициска партија, коментираат дека победатана СДСМ е „уште една оптимистичка порака за иднината на регионот“, јави МИА од Атина.

Ципрас му честиташе на Заев преку „Твитер“, додека пак од СИРИЗА, преку соопштение ја коментираа победата на СДСМ.

„Честитки Зоран Заев. Благодарение на твоите напори, пораката на храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот, за општествена правда и мир во нашиот регион, денес стана посилна. Порака не само за Балканот, туку за цела Европа“, напиша поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас на „Твитер“.

InterServer Web Hosting and VPS