FBI почна истрага за хакерскиот напад на Twitter

ФБИ почна истрага за хакерскиот напад на твитер-профили на познати личности во САД.

Тие се сомневаат на измама за биткоини

„Се чини дека профилите биле компромитирани со цел да се реализира измама поврзана со криптовалути“, велат од бирото, повикувајќи ја јавноста да биде внимателна.

„Твитер“ во четвртокот објави дека хакерите упаднале во неговите сервери, а нападот го насочиле кон профилите на некои од најистакнатите корисници на платформата, вклучувајќи ги и американскиот претседателски кандидат Џо Бајден, ѕвездата на реалното шоу Ким Кардашијан, милијардерот Илон Маск, поранешниот претседател на САД Барак Обама и Бил Гејтс.

Компанијата на неколку часа го блокираше испраќањето пораки од многу профили, вклучително и официјализирани.

Хакираните твитови ги повикаа корисниците да ја удвојат добивката доколку испратат донации во криптовалути во точно определен „паричник“. За неколку часа од почетокот на хакерскиот напад, околу 300 луѓе наседнале на измамата и испратиле биткоини во вредност од околу 100.000 американски долари. Твитовите биле избришани неколку минути откако биле објавени.

„Сите ме бараат да вратам“, пишувало во твит од официјалниот профил на Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“.

„Ми праќаш илјада, ти враќам две илјади долари“, се додава во твитот.

„Твитер“ соопшти дека станува збор за координиран напад во кој цел биле вработени во компанијата со пристап до внатрешните системи и алатки.

Знаеме дека хакерите го искористиле ваквиот пристап за да ја преземат контролата врз многу профили со големо влијание (вклучувајќи и официјализирани) при што праќале пораки во име на нивните корисници, соопштија од компанијата.

InterServer Web Hosting and VPS