Премиерот на БиХ во болница поради коронавирус: Со воспаление на белите дробови примен на клиника

Премиерот на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ вчера бил хоспитализиран во клиниката за белодробни болести во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Претходно било потврдено дека Новалиќ е позитивен на коронавирусот и поради воспаление на белите дробови потребен му е клинички третман, објави сараевскиот портал Кликс.

Новалиќ вчера попладнето добил зголемена температура и чувствувал малаксаност.

InterServer Web Hosting and VPS