До ЈО пристигнати 10 известувања за евентуални нерегуларности, најголем дел за агитирање и поткуп

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите попладнево информираше дека гласањето до 17 часот се одвива во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.

Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса izbori@jorm.mk пристигнати се вкупно 10 известувања. Поголемиот дел се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии, а две од известувањата се однесуваат на лица кои го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас.

– Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно, преземајќи дејствија за расчистување на настаните и утврдување на фактите., се наведува во соопштението.

InterServer Web Hosting and VPS