До 17 часот излезноста е 38,78 отсто

На интернет страницата на Државната изборна комисија објавено е дека до 17 часот излезноста е 38,78 отсто од вкупниот број на гласачите. До 17 часот обработени се 3.459 гласачки места од вкупно 3.480. Досега гласале 703.522 избирачи.

По избрачки единици излезноста е: ИЕ1 – 41,07%, ИЕ2 – 36,98%, ИЕ3 – 43,85%, ИЕ4 – 43,99%, ИЕ5 – 38,21% и ИЕ6 – 29,6%.

Во Изборната единица 1 најголема е излезноста во Македонски Брод 55,61%, во ИЕ 3 – Ѓорче Петров со излезност 41,59%, во тројката – Крива Паланка со 58,7% излезност, во ИЕ 4 – Новаци со излезност од 60,05 отсто, во ИЕ 5 Вевчани – 56,94% и во ИЕ 6 – Тетово со излезност од 33,72 отсто од запишаните гласачи.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, на прес-конференцијата во 17.30 часот рече до ДИК пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но кажа дека тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.

„Во изминатите часови се појавија одредени написи во медиуми за инциденти на пример во Липково и Битиола, каде про проверка и интевренции се надминале проблемите и гласањето продолжи со несмален интензитет. Гласач кој го сликал гласачкото ливче беше санкциониран од страна на МВР. Исто така гласачка од Битола се обидела да изнесе од гласачкото место едно ливче и тоа исто така е санкционирано. Такви слични инциденти, кои во соработка со МВР и избирачките одбори и општинските изборни комисии веднаш се надминуваат“, рече Деркоски, одговарајќи на новинарско прашање.

InterServer Web Hosting and VPS