Бугарските социјалисти поднесоа барање за изгласување недоверба на владата на Борисов

Пратениците на парламентарната група на Бугарската социјалистичка партија (БСП) до парламентот доставија барање за гласање недоверба на кабинетот на премиерот Бојко Борисов, јави БГНЕС.

Ова е петти последователен обид за соборување на бугарската Влада. Темата и овој пат е поврзана со корупцијата, но овој пат се совпадна со актуелните протести во Софија, а од почетокот на неделата и во голем број градови низ целата земја.

Во 2018 година левицата се обиде да ја собори владата на Борисов, што тогаш го темелеше на неговиот неуспех во областа на антикорупцијата. Останатите три обиди во текот на последниве две годините се поврзани со безбедноста, здравјето на луѓето и  животната средина.

Според Деловникот за работа на Националното собрание, дебатата за недовербата на владата мора да почне не порано од три дена, а не подоцна од седум  дена, по поднесувањето на предлогот до приемната канцеларија во парламентот.

Гласањето, на пленарна сесија, ќе се одржи 24 часа по завршувањето на дискусиите.

InterServer Web Hosting and VPS