Кипар го зголемува бројот на тестирања на туристите по случаен избор

Ιατρικό και νοσηλευτικό προσωπικό στον αγώνα κατά του κορωνοϊού Γενικό Νοσοκομείο Λευκωσίας, Λευκωσία, Κύπρος Ιατρικό και νοσηλευτικό προσωπικό στον αγώνα κατά του κορωνοϊού. // Medical and healthcare workers in the struggle to tackle coronavirus. Lefkosia General Hospital, Lefkosia, Cyprus Medical and healthcare workers in the struggle to tackle coronavirus.

По препораките од Советодавната научна комисија и по иницијатива на Министерството за здравство на Кипар, на островот на 600 се зголемуваат тестовите што ќе се прават на аеродромите, а се однесуваат на тестирањата по случаен избор на сите посетители, јави дописничката на МИА од Атина.

Целта е да се обезбеди навремено откривање на „увезените“ случаи, но и регистрираните епидемиолошки податоци да се користат за категоризацијата на земјите.

Согласно новата листа издадена од Министерството за здравство на Кипар, што почнува да важи од утре, вклучени се 43 земји, поделени во три категории (наспроти две како што беше досега) : прва категорија – земји со ниска опасност, втора категорија, земји со поголема опасност од првата и трета категорија –  земји со зголемена опасност во споредба со првите две.

Во првата категорија се 14 земји од Европската унија (Австрија, Германија, Данска, Естонија, Финска , Грција, Ирска, Латвија, Литванија, Малта, Унгарија, Полска, Словачка и Словенија), четири од Шенген зоната (Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка) и четири трети земји (Јапонија, Јужна Кореа, Нов Зеланд и Канада) и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација.

Во втората категорија земји со „веројатно ниска опасност, но со зголемен сомнеж во споредба со првата“, се 10 земји од Европската унија (Бугарија, Белгија,  Франција, Италија, Хрватска, Луксембург, Холандија, Романија и Чешка), четири мали земји (Андора, Монако, Ватикан и Сан Марино), како и трети земји (Грузија, Уругвај и Австралија) и задолжителна е потврда за негативен молекуларен PCR тест направен 72 часа пред патувањето.

Во третата категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории“, се Португалија, Шведска, Велика Британија и Србија, а дозволен е влез само за одредени категории државјани со задолжителен негативен тест и 14 дневна самоизолација.

Последен пат листата беше ажурирана на 3 јули и стапи во сила на 6 јули.

Туристите, како што е веќе пракса откако беа отворени аеродромите, пред да го посетат Кипар, задолжително треба да достават барање за CyprusFlightPass (https://cyprusflightpass.gov.cy/) 24 часа пред патувањето.

InterServer Web Hosting and VPS