Купил куќа и почнал да ја реновира: Се качил на таван за да го фрли отпадот, а она што го нашол било морничаво!

Сопственик на нова недвижнина останал затечен од она што го открил по вселувањето.

Кога првпат ја посетил куќата, му било кажано дека на таванот има празен простор и некој отпад, која може да се исфрли од домот за половина час.

Наивно поверувал, до тој степен што не се ни качил горе.

Откако ја купил куќата и го започнал процесот на реновирање, се качил на таван и имал што да види. Таму имало скриен пролаз во комплетно наместен стан.

Сокриениот стан имал тоалет, тапети и функционални прозорци. Корисник на Редит под име Мр. Гиф, споделил и фотографии од екстериерот на имотот. Објаснил дека зградата има два спрата. На приземје некогаш имало продавница, додека веројатно во зградата живееле нивните сопственици.

InterServer Web Hosting and VPS