Две тешки сообраќајки на патот Штип-Радовиш, еден загинат десетина повредени

Две тешки сообраќајни несреќи за неполни 2 часа се случија вчера на патот Штип – Радовиш. Во сообраќајката која се случи околу 21,30 во близина на клучката за село Љуботен, дошло до судир на 3 возила, „опел корса”, „пежо 206″ и „мерцедес”.

Во незгодата починал сопатникот во патничкото возило „опел корса“, на возраст од 42 години, додека возачот добил тешки телесни повреди и двајцата сопатници со телесни повреди, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Повредени се 4 лица, од кои еден е задржан на лекување во болницата, трите останати лица се пуштени на домашно лекување, изјави Марина Шуманска, портпарол на клиничка болница-Штип.

Не цели два часа претходно на истата делница во близина на село Лакавица дошло до судир на два автомобили марка мерцедес и камион. Во мерцедесот со велешки ознаки покрај возачот биле и 11 мигранти, 10 од Пакистан и еден од Авганистан, кои се превезувале во багажникот на возилото. Сите се здобиле со телесни повреди и се хоспитализирани на штипска клиничка. Со тешки и лесни повреди се здобиле и двете штипјанки кои се превезувале во другиот автомобил.

Од повредените, 7 се задржани на одделението за хирургија, а 6 се задржани на лекување на одделението за ортопедија, изјави Шуманска

По укажаната лекарска помош, 6-мина од мигрантите се предадени на полицијата и ќе бидат пренесени во прифатниот центар „Југ“. Возачот кој ги превезувал, по несреќата побегнал од лице место, а полицијата се уште трага по него.

InterServer Web Hosting and VPS