Солшер: Го добивме тоа што го заслуживме

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер смета дека тие не заслужиле да победат против Саутемптон и резултатот иако е болен за нив е реален.

Манчестер јунајтед прими гол во 96. минута и одигра 2-2 на свој терен против Саутемптон.

„Таков е фудбалот. Најлошо е кога ќе примите гол толку доцна, но се случуваат вакви работи. Треба да останеме силни и да се помириме, самите ние имаме победено многу пати на ваков начин“, вели Солшер.

„Ова e дел од процесот на учење, мислевме дека ги имаме трите бода, но останавме разочарани“.

„Сепак, мислам дека и не ги заслуживме трите бода. Саутемптон одигра навистина добро а ние тешко влегувавме во ритам“.

InterServer Web Hosting and VPS