Отфрлени обвиненијата од УЕФА за Манчестер Сити

Судот за спортска арбитража во Лозана ја прифати жалбата на Манчестер Сити, бидејќи не гледа дека има доволни докази од УЕФА, за прекршување на „Финансиски фер-плеј“. Така, екипата на Пеп Гвардиола може да игра во Лига на шампионите и следната сезона.

Истовремено, казната од 30 милиони евра е намалена на 10 милиони бидејќи англискиот тим по обвиненијата одби да соработува со УЕФА. Но, Скај Спортс пишува дека истрагите од Премиерлигата ќе продолжат, бидејќи тие имаат намера да ги разгледаат тврдењата за трансфер на играчи од академијата на Сити и сопственост од трети лица.

InterServer Web Hosting and VPS