Серена Вилијамс го кажа судбоносното ДА на овој маж

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс, често излегуваше во јавноста со разни момци. Имаше такви од светот на тенисот, како Григор Димитров или Патрик Муратоглу, или од други спортови како Амаре Студемајер и Кејсон Џонсон. Но, Серена не се ограничи само на спортот. Таа се забавуваше со момци од светот на шоу-бизнисот, како што е раперот Комон, актерите Џеки Лонг и Колин Фолер или режисерот Брет Ратнер. Извесно време се шпекулираше дека тој била во врска со тогашниот тренер, Србинот Саша Бајин. Сепак, на крајот, Серена застана пред олтарот со Алексис Охајан. Тие се венчаа во ноември 2017 година.

https://www.instagram.com/p/B47c2-ZnJca/?utm_source=ig_web_copy_link

Алексис е две години помлад , тој е успешен бизнисмен и поранешен сосопственик на социјалната мрежа „Редит“. На само 22 години, тој стана мултимилионер. Тој е сопственик на бројни компании во ИТ секторот, а зад него е успешен бестселер од 2013 година, кој зборува за бизнис во 21 век. Тој е политички активист и се бори за прашања поврзани со Интернет.

InterServer Web Hosting and VPS