Јод против Ковид-19

Пандемијата на коронавирус не се смирува, но наместо да паничиме, треба да бидеме одговорни и да работиме на превенција и зајакнување на имунитетот, а еден од најдобрите начини да го сториме тоа е да земеме оптимални количини на јод, се вели во студијата на Националниот ревматски центар во Холандија.

Имено, д-р Р. Х. Верхајзен, анализирајќи ги податоците за бројот на жртви на Ковид-19 во светот, заклучи дека количината на внес на јод може да има значително влијание врз стапката на морталитет и дека треба да се испита подетално.

Како пример, тој наведува:

– Епидемиолошките податоци покажуваат дека Јапонците, кои се познати по внес на висока количина на јод, имаат помала стапка на смртност од Ковид-19 во однос на другите земји, и покрај фактот дека Јапонија има најстаро население во светот и дека националните мерки за затворање биле меѓу најблагите.

Потсетуваме, јодот најмногу го има во алгите, морските риби и солта, а дневниот внес на јод треба да биде помеѓу 1,5 до 2,4 милиграми по човек.

Забелешка: Луѓето кои имаат проблем со тироидната жлезда не треба да го зголемуваат внесот на јод без консултација со доктор.

InterServer Web Hosting and VPS