Психолошки трикови кои ќе ви помогнат да ги прочитате луѓето

Дури и да сме сите единствени на свој посебен начин, сепак делиме слична човечка природа. Тоа ни овозможува да создадеме врска со другите луѓе и да ги откриеме можностите за сфаќање на нивниот начин на размислување. Ако ги искористиме алатките кои веќе ги поседуваме можно е да влијаеме на туѓите одлуки и мислења во врска со нас и со ситуацции

Создадете илузија на избор

Ако ви е потребно некој да направи нешто за вас побарајте да исполни прво некоја потешка желба пред да му го кажете барањето кои го имате. Откако ќе исполнат поголеми работи, луѓето имаат тенденција да исполнат желби кои се полесни. Ова исто функционира и при обидот да уверите некого. Дајте им две можности истовремено: она што го сакате и уште една желба која потешко се постигнува. Со ова ќе постигнете да вашата вистинска желба им изгледа поедноставна покрај другата.

Претворете ја расправата во предност

Кога луѓето ви кажуваат работи за кои вие не се сложувате, немојте оштро да им приговарате. Прво прифатете го она што го кажуваат со зборовите „гледам што мислиш“ и продолжете со сопственото мислење и прашајте „но дали некогаш си размислувал и за ова“. Овој пристап ќе ви помогне да го постигнете своето гледиште да не ве прекинуваат или пак некој да ви се спротивставува.

Мама знае најдобро

Со своите зборови можете да го привлечете вниманието така што ќе кажете дека вашиот татко или мајка го учеле тоа. Луѓето ја почитуваат традицијата и луѓето кој се сочувтствуваат со своите родители. Повеќето луѓе веруваат на зборовите на нивните родители, а кога некој ќе спомне нешто што доаѓа од туѓи родители тоа ќе му создаде впечаток како и неговото семејство да го рекло истото.

Позајмете нешто

Можеби ќе приметите дека некој не ве сака онолку колку што вие сакате. Побарајте од него нешто мало на позајмица, може книга која ве интересира.Тоа прво ќе создаде несакана врска помеѓу вас двајцата но во исто време ќе резултира со промена на мислењето кога ќе го вратите предметот.

Тишината бара позитивен ангажман

За време на непријатна тишина со личноста со која не сакате да се дружите прашајте ги нешто за нив. Дури и нјативката личност ужива да зборува за себе. Тие нема ништо да ве прашаат, а вие ќе ја претворите тишината во течен разговор.

Самодовербата привлекува

Откако ќе завршиме со разговорот едноставно погледнете ги луѓето во очи и причекате во тишина. Вашиот одлучен поглед позитивно ќе влијае на перцепцијата на она што сте го рекле. Ако го изгубите контактот со очи после овој интензивни моменти, ќе приметите губиток на интерест после кратко време.

Направете да се чувтствуваат важно

Користењето на вистинските зборови може да ви биде од корист кога ви е потребна помош. Луѓето често ќе ви помогнат ако барањето го поставите како исполнување на услуга. Ќе го заскокоткате нивното его и ќе се осеќаат како да ви исполнуваат желба. Обидете се да употребувате едноставни изрази како „Ве молам направете ми услуга“ или „Навистина ми е потребна вашата помош“.

Набљудувајте ги

Кога сте нов во групата, нашалете се или раскажете некоја смешна дешавказа да ја видите реакцијата на луѓето. Оние кои се поблиски ќе се гледаат во очи додека се смеат и тоа ќе ви помогне да ја видите и сфатите врската меѓу пријателите.

Повторувајте

Повторувањето е еден од најдобрите начини да остварите конкретни идеи кон другтите луѓе. Ако сакате да го наметнете своето мислење на некој друг, само теба да го повторите во друг контекст или едноставно кажете ја истата работа само со различни изрази. Откако ќе слушнат истта работа неколку пати, луѓето идејата ќе ја сфатат како своја, бидејќи мозокот им ја озналува идејата како позната.

Покажете доверба за да создадете доверба

Кога сакате да изградите доверба во друштвото, признајте ги своите мали грешки на другите. Луѓето ќе ја видат вашата ранливата страна и ќе ве прифатат како искрена личност. Тоа ќе ви даде преност дури и при караница.

InterServer Web Hosting and VPS