Ружите во бои на виножито се ХИТ во светот, eве колку пари треба да издвоите за една

Настанале по рецептот на холандскиот агроном Van de Verkena

Розите, дефинитивно спаѓаат во безвременски цветови. На многумина токму тие им се омилени. На некои бојата не им е важна, а некои имаат и свои фаворити.

Сте виделе црвени, бели, жолти… но дали некогаш сте видете рози во боите на виножитото?

Тие се вистински хит во светот, а ако сакате да ги имате во својот двор, постои таен рецепт…    

За добивање на овие рози потребно е познавање на растителните процеси, расцутени бели рози и прехрамбени бои.

Се повеќе луѓе сакаат во своите градини да ги имаат обвие ‘‘виножито рози’’. Тие навистина и постојат, не настануваат со помош на трикови, но далеку од тоа дека до нив е едноставно да се дојде. И засега може да се набават само исечени, за во вазна. 

Цена на розите во боите на виножито – пет евра

За личност која на некој начин ги “створила” многумина го сметаат холандскиот агроном Peter van de Werken. Тоа било во средината на деведесетите во изминатиот век и на оваа роза многумина гледаат како резултат на спојот на неговите знаења во врска со билните процеси и цвеќарството, со кое се бавел како хоби. Сеуште ги одгледува на релативно мала површина, но како стануваат се побарани и нивното производство се зголемува.

Станува збор за вистинска роза, чии ливчиња не се еднобојни, туку се состојат од седум различни бои. И како такви привлекувааат се поголемо внимание на љубителите на цвеќето. За една ваква роза во Холандија е потребно да издвоите просечно пет евра. 

Патентираниот процес на боењето

Семиња за рози во боја на виножито се нудат на продажба преку различни страни на интернет, па de Verken ги советува потенцијалните купувачи да не наседнуваат на тоа, бидејќи вакви ружи сеуште може да се набават само како исечени цветови, но не и нивното семе, па ги предупредува луѓето да не ги трошат своите пари на ова семе, бидејќи рози во боите на виножитото нема да одгледаат.

Наиме, до вакви шарени рози се доаѓа со патентиран процес на боење. Холанѓанинот не ги открива деталите во целост, но донекаде е познато дека базата е расцветана бела роза, чие стебло по должината мора внимателно да се засече на неколку делови, а потоа секој дел да се стави во една од чашите во кои претходно е растопена прехрамбена боја, која најчесто се користи за колачи.

Се чини едноставно, но веројатно не е. Во спротивно поголемиот дел од домаќинствата во вазна би имале барем една роза со ливчиња во бои на виножито. Вака, може да се набават само преку неколку холандски компании, до кои de Verken ги испорачува своите рози.

InterServer Web Hosting and VPS