Microsoft и Google ќе овозможат повеќе веб апликации за Play Store

Поддршката на Microsoft за Android се проширува и вон доменот на изворните апликации и уреди како што е Surface Duo. Популарниот аналитичат Тарот известува дека Microsoft соработува со Google на тоа да овозможи поголем број поквалитетни веб апликации за Android уредите preku Play Store.

Апликациите креирани со PWABuilder алатката на Microsoft ќе ги користат Google Bubblewrap методите и библиотеки за да ги искористат предностите на новите функции, вклучувајќи го новиот стандард за веб кратенки, „подлабоки“ push известувања и прилагодувањето на визуелни елементи. Едноставно речено, веб апликациите би требало да пружаат покомотно чувство на употреба на телефонот.

Се очекува дека ќе помине извесно време додека апликациите не почнат да ги имплементираат новите функции. Сепак, ова ќе овозможи голем број квалитетни апликации да пристигнат на смартфоните на корисниците.

Иницијативата која ја спроведуваат Microsoft и Google, ќе им пружи повеќе причини на креаторите да го користат сетот на алатки на Microsoft, додека Google ќе добие поголем број програмери кои креираат веб апликации за Android екосистемот, наместо луѓето само да ги насочуваат кон генеричките апликации во рамки на веб-прегледникот.

InterServer Web Hosting and VPS