Во Прилеп гласаат 29 заболени и лица во изолација

Во Прилеп денеска гласаат заболените лица од корона и тие во изолација. Дваесет и девет лица имаат право да гласаат и да го дадат својот глас. Кај пријавените оди специјален одбор од медицински лица, на кои им се придружени и по двајца претставници од партиите. Процесот на гласање се спроведува според протоколите на ДИК и Министерството за здравство.

Утре во Прилеп треба да гласаат 489 болни и немоќни лица. В среда своето право на глас ќе можат да го остварат 64.004 гласачи на 130 избирачки места. Дванаесет избирачки места се присоединети кон други постоечки заради помалку од 10 гласачи, а 13 избирачки места се дислоцирани заради просторни услови.

InterServer Web Hosting and VPS