Suzuki го повлекува Jimny од европскиот пазар

Веќе неколку пати пишувавме за мерките на Европската унија, односно строгите регулативи за емисии на издувните гасови од возилата …
Кој продава автомобили што испуштаат премногу СО2, а во исто време нема електрични возила во својата програма – може да смета на високи парични казни.

Lada веќе ја повлече Nivа од пазарите во ЕУ, а сега Suzuki најави дека ќе го повлече својот мал теренец Jimny од европскиот пазар до крајот на оваа 2020 година.

Голема побарувачка за ова возило има од почетокот на продажбата, но во новите околности не се исплаќа за Suzuki да го задржи во Европа.

Suzuk во најголем дел од својата флота воведе благи (mild) хибриди, но со Jimими, кој има бензински мотор од 1,5 литар, ова не е можно и неговите емисии од 154 до 170 г/км CO2 се премногу високи – со оглед на неговата релативно мала тежина (1135 кг).

Затоа Suzuki го повлекува, а во иднина би можел да се врати исклучиво како комерцијално N1 возило.

Значи, ако сакаат Jimny, купувачите во Европа имаат уште малку време да купуваат.

InterServer Web Hosting and VPS