Македонија меѓу скромните иноватори, Словенија највисоко рангирана

Словенија е рангирана највисоко меѓу земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) во однос на националните системи за иновации, а потоа следат Турција и Србија, соопшти Европската комисија.

Словенија ја следат две земји кои не се членки на ЕУ, а тоа се Турција и Србија, додека Романија и Бугарија се единствените членки на ЕУ во групата скромни иноватори, со оценка под 50% од просекот на ЕУ, објави Европската комисија во најновото издание за иновации во Европа.

Сепак, Словенија беше единствената земја во групата 12 умерени иноватори што забележа намалување на резултатите, за 9,9%, како резултат на влошувањето на одредени перформанси.

Перформансите на Србија биле особено силни бидејќи земјата го зголеми својот резултат за 13,2%, поради силната пенетрација на широкопојасен интернет. Турција го подобри својот резултат за 12,5%, а заедно со Словенија е единствената земја од ЈИЕ во групата умерени иноватори.

Црна Гора, која за прв пат е вклучена во табелата и Македонија се меѓу скромните иноватори, иако нивните резултати се зголемени за 5,0% и 14,8%, соодветно.

InterServer Web Hosting and VPS