Финансиски друштва во Македонија: Даваат брзи кредити во кризата, иако им е тешко да опстанат

Звучи парадоксално, но на финансиските друштва во Македонија, иако се тие кои даваат брзи кредити за време на корона-кризата, и на самите им е тешко да опстанат во настанатата ситуација од која се погодени истите.

Според информациите до кои дојде „Фактор“, кај „Тиго фајнанс“ се отпуштени голем дел од вработените затоа што затворени се повеќе филијали. Тие што останале на работа само примале уплати за веќе издаданите кредити. Не соопштуваат колку вработени отпуштиле, ниту колкаво е кредитирањето засега.

„Моментално бројката на вработени е оптимална, согласно тековниот волумен на работа. Оттука, и согласно официјалните податоци, може да се забележи дека Тиго е најголем работодавач за 2019, а тоа планираме да биде случај и за оваа, 2020 година. Дополнително, Тиго се издвојува според најголеми приходи од работењето и најголем процентуален раст на истите. Тиго Фајнанс направи измени во скорингот, анализата на ризик и ги земавме предвид нестабилноста на пазарот и од таа причина кредитирањето е во помал обем од претходно, но тој тренд завршува со завршувањето на вонредната состојба и опоравувањето на економијата„ гласеше одговорот кој го добивме од Тиго Фајнанс.

Пред здравствената криза беше забележан своевиден продор на овие друштва на финансискиот пазар, за време на кризата дел од нив не успеаја да се изборат, па мораат да посегнат по превземање непопуларни мерки.

InterServer Web Hosting and VPS