Црногорската полиција запрела колона возила на пат кон Бијело Поље

Силни полициски сили синоќа запреле колона автомобили од Беране и Андријевци на пат кон Бијело Поље, јавува црногорскиот ЦДМ, повикувајќи се на Фејсбук страницата Беране онлајн.

По разговорите со учесниците на авто-литијата, полицијата дозволила колоната да продолжи кон Рибаревине и да се врати во Беране, без да влезе во Бијело Поље, изјавиле за Беране онлајн учесниците во литијата.

Авто-литијата почнала синоќа од беранскиот аеродром во Бијело Поље по повод одбележувањето на 12 јули, празникот на апостолите Петар и Павле, кои се заштитници на овој град.

InterServer Web Hosting and VPS