Вработени двајца имами за Аја Софија

Али Ербас, шеф на турската служба за религиозни работи, во неделата престојуваше во посета на Аја Софија за да даде упатства за нејзино претворање во џамија.

Зборувајќи пред новинарите, Ербас пред новинарите им рече дека во поранешната византиска црква на Константинопол се очекува да бидат назначени два имама кои ќе ги спроведуваат муслиманските молитви.

Ербас ја посети поранешната Света Софија во придружба на министерот за туризам и култура во земјата, Мехмет Нури Ерсој, и истакна дека се испитуваат средствата што треба да се користат за покривање на фреските, мозаиците и муралите.

Во вторник, претседателот Реџеп Таип Ердоган се очекува да претстави алтернативи што би можеле да бидат прифатени од УНЕСКО, како што е покривање со оптички системи или завеси што ќе бидат употребувани за време на молитвата.

Извештаите исто така сугерираат дека ќе се инсталира тепих од 14.000 квадратни метри. што го нарачало и го платило турското претседателство.

Ердоган во говорот во петокот вечер изјави дека првата молитва во Аја Софија ќе се одржи на 24 јули.

InterServer Web Hosting and VPS