Реал ја чека „Старата дама“ да го носи Лука Јовиќ во Торино?

Секојдневно се појавуваат нови информации околу тоа каде српскиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, би можел да ја продолжи кариерата. Цената е позната, 35 милиони евра.

Милан е прва опција, се појави Лестер, во него гледа замена или тандем за Варди, а Арсенал би тргнал по Србинот како евентуална замена за Обамејанг.

Јовиќ зад себе има очајна сезона.

Иако Зидан повторува дека не сака да го пушти, претседателот на Реал, Перез, по сè изгледа, сака да си врати дел од вложените (60 милиони евра) пари за напаѓачот.

Шпански портал тврди дека Реал Мадрид го чека Јувентус, со кој има одлични релации. Јуве бара класичен напаѓач, го сака Милик од Наполи, но Наполи ја затегнува работата.

Раул Хименез и Траоре се прескапи, па наводно Јовиќ би бил решение.

Дали постои таква можност, ќе видиме, а во Реал се чини созрева одлуката да се откажат од српскиот фудбалер по само една сезона.

InterServer Web Hosting and VPS