Досега се регистрирани 29458 прекршоци за нeносење маска

Oд страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 29458 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 237 прекршоци во изминатото деноноќие, информираат од МВР.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 35 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 713 лице им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е евидентирано 1 лице кое не ги почитувало овие мерки.

InterServer Web Hosting and VPS