Гатузо по емотивното реми со Милан: Мора да се промени ова правило во Серија А!

Наполи успеа да направи пресврт против Милан на домашниот „Сан Паоло“, но сепак не успеа да го задржи водството, бидејќи гостите од „Сан Сиро“ израмнија на 2:2 со голот од белата точка на Кеси.

Најстрогата казна пристигна по еден минимален контакт во шеснаесетникот по кој падна Бонавентура, ситуација која сепак не сакаше детално да ја објаснува Џенаро Гатузо.

Рино имаше посебна вечер бидејќи за првпат како тренер играше против својот сакан Милан, па призна дека емоциите не биле исти како на секој друг натпревар.

– Првпат се соочив против Милан како тренер, тоа е клубот кој ме направи играч, клубот кој ме направи човек и беше навистина емотивен момент за мене. Што се однесува до пеналот, не ме прашувајте за тоа, нема да ви дадам конкретен одговор. Вие проценете сами, – изјави Гатузо кој сепак смета дека треба да се промени едно правило во Серија А, она поврзано за задолжителното покажување на белта точка по секакво контакт со рака во шеснаесетникот.

– Кога се во прашање рацете, не сум видел ниту еден играч да скокне со рацете позади неговиот грб. Тоа е за некој друг спорт. Мислам дека поставивме рекорд во Серија А за пенали по играње со рака и тоа правило мора да се промени. Сите кои сме го играле овој спорт, знаеме дека рацете се многу важни при скок игра, – порача Гатузо.

InterServer Web Hosting and VPS