Трајковски: Во Бутел се гради најголемата социјална зграда

Увид во динамиката на изградба на социјалната зграда во Бутел, која ќе овозможи дом за 312 семејства од социјално ранливите категории граѓани, извршија техничкиот премиер, Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски.

Според Трајковски, станува збор за најголем објект од ваков тип почнат досега.

„Во моментовт се градат социјални згради уште на 4 локации, а очекувам дека за неполн месец ќе завршат постапките за уште 7 објекти за социјално домување. Интензивната динамика на градба се должи на заедничките напори со Владата да се забрза целиот проект, кој 2 години беше во застој“, рече Трајковски.

Според техничкиот премиер Спасовски, изградбата на социјалните станови е резултат на доследното спроведување на мерките и политиките на Владата за подобрување на социјалната положба на ранливите категории граѓани.

„Колку за споредба, во периодот од 2011 до 2017, или за 6 години, биле изградени 678 социјални стана, а во периодот од 2017 до 2020, или за 3 години, досега изградени се или во тек на изградба се 897 стана“, рече Спасовски.

Динамиката на изградба на оваа, но и на другите градежни активности, според Сугарески, е потврда на приоритетите на Владата за решавање на егзистенцијалните прашања на најранливите категории граѓани.

InterServer Web Hosting and VPS