Реакцијата на овој ракун кога помислил дека ги изел сите зрна грозје е вистински хит на интернет

Видеото во кое еден симпатичен ракун јаде грозје од чинија масовно се споделува на социјалните мрежи и стана хит на Јутјуб.

За само две недели, видеото го погледнале речиси еден милион луѓе. 

Додека ужива во храната и седи на каучот со чинијата помеѓу нозе, неговата сопственичка му ги краде преостанатите зрна грозје, а ракунот не забележува. Кога се обидува повторно да дофати едно зрно грозје од садот, сфаќа дека повеќе нема и во тој момент помислува дека ги изел сите.

Неговата реакција ја насмеала сопственичката, но и многу корисници на интернет. Ракунот дури и проверил да не испаднало грозјето од садот, а како изгледала целата ситуација, погледнете од видеото во продолжение:

InterServer Web Hosting and VPS